Лабораторија за хроматографски анализи

Опременост


HPLC-DAD-MSn


GC×GC–TOF/MS

 

Лабораторијата за хроматографски анализи е формирана во 2020 година со обединување на:

- Лабораторијата за анализа на органски супстанци во сложени матрици (опремена од проектот за опремување на лаборатории на Владата на Р. Македонија)

- Лабораторијата за течна хроматографија (опремена во рамките на проектот од Седмата рамковна програма на Европската Комисија REINFORCEMENT OF THE WBC RESEARCH CAPACITIES FOR FOOD QUALITY CHARACTERIZATION, реализиран од 2008-2011 година, https://cordis.europa.eu/project/id/204756),

- Лабораторијата за анализа на хексахлороциклохексани, опремена во рамките на проектот реализиран од UNOPS “Nordic Support for Progress of North Macedonia” финансиран од Кралството Норвешка, реализиран во 2020-21 година.

 

Лабораторијата располага со:

- GC×GC–TOF/MS - гасен хроматограф Pegasus 4D, кој овозможува раздвојување на испарливи компоненти а издвоените аналити се идентификуваат со масен спектрометар и тоа со анализатор од типот на време на прелетување,

- GC/MS - гасен хроматограф со масен детектор (единечен квадрупол),

- GC/FID/ECD - гасен хроматограф со два детектори: универзален (пламено-јонизациски) и со специфичен (со зафаќање на електрони),

- HPLC-DAD-MSn - течен хроматограф со два детектори: UV-Vis со низа од диоди и масен спектрометар со јонска стапица,

- HPLC-DAD - течен хроматограф со UV-Vis детектор со низа од диоди опремен и со собирач на фракции (семипрепаративен).


Можности за анализа

Лабораторијата може да се користи за идентификација и квантификација на органски супстанци во различни примероци и тоа за:

- анализа на пестициди и други супстанци од европската приоритетна листа во животната средина (вода, почва, воздух),

- анализа на штетни материи во прехранбени продукти и во амбалажа,

- анализа на штетни материи во прехранбени продукти како и во производи за широка потрошувачка,

- анализа на фенолни компоненти во различни примероци од растително потекло (зрнести овошја, јаболка, сокови, вино итн.),

- анализа на биоактивни соединенија во лековити и ароматични растенија,

- анализа на фармацевтски препарати и суровини за карактеризација на активни компоненти и онечистувања,

- анализа на форензички примероци (дроги и психотропни супстанци, експлозиви итн.).

 

Лабораторијата е акредитирана во согласност со стандардот МКС EN ISO 17025: 2018 за тестирање на органохлорни пестициди во воздух и органохлорни пестивиди и полихлорирани бифенили во почва. Сертификатот за акредитација бр. ЛТ-089 може да се види тука: Vasil Glavinov blok 10 mezanin (iarm.gov.mk).

 


Одговорни лица за контакт

Проф. д-р Марина Стефова

тел. 324-9934

 е-пошта:  marinaiv@pmf.ukim.mk

 

Проф. д-р Јане Богданов 

тел. 324-9915

 е-пошта:  jane.bogdanov@pmf.ukim.mk

 

Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева 

тел. 324-9935

 е-пошта:  jasmina.petreska@pmf.ukim.mk


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.