Прв циклус (додипломски студии)

применета хемија (акредитација 2022)

Назив на студиската програма: Студиска програма по применета хемија на прв циклус

Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија; област: применета хемија 

Академски/стручeн назив/степен кој се стекнува со завршување на студиитедипломиран инженер по хемија (BSc), VI А степен на образование

Tраење на студиите: Четири години (8 семестри)

Број на кредити: Вкупен број на кредити 240 (вклучувајќи и дипломска работа).

Услови за запишување на студентите: во согласност со закон­ски­те прописи што важат во Р. Македонија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Спецификација на генеричките (општите) и специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен:

  • ОПШТИ КОМПЕТЕНЦИИ: Дипломираниот инженер по хемија ги познава основите законитости и принципи на хемиските дисциплини и владее со лабораториски вештини и умеења. Тој е оспособен за примена на знаењата и вештините за решавање на различни хемиски проблеми во конкретни ситуации.  
  • СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ: Дипломираниот инженер по хемија е оспособен за примена и развој на современи хемиски, физичко-хемиски, аналитички и синтетски методи во лабораториската практика. Работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се хемиските лаборатории, како што се контролните и развојните лаборатории во индустријата, јавните институции како и лабораториите во академски и научноистражувачки институции.

 

Студиска програма

  • Студиската програма од применета хемија е од подрачјето на природните науки – хемија.
  • Студиите од студиската програма по применета хемија од првиот циклус траат четири години, односно осум семестри. Вкупниот број кредити што можат да се освојат, вклучувајќи ја и дипломската работа, е 240. Вкупниот број кредити во една учебна година e 60. Бројот на доделените кредити по секој предмет ја искажува вкупната оптовареност на студентот за совладување на содржините на предметот. Студентот напредува во студиите преку освојување на кредити.
  • Наставата се одвива на македонски јазик.
  • Сите предмети се едносеместрални. Секој предмет е означен со определен код којшто содржи информација за него.
  • Студентот има право секој предмет по неговото слушање да го полага во две редовни испитни сесии. Предметите се полагаат писмено и усно во зависност од начините на оценување предвидени со предметните програми. Студентите имаат право на сукцесивно оценување со можност за ослободување од завршен испит по соодветна предметна програма. Доколку студентот не го положи испитот треба да го повтори слушањето на предметот.
  • Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.
  • Студиите завршуваат со одбрана на дипломска работа. Студентот може да ја брани својата дипломска работа откако ќе ги положи сите предвидени испити со студиската програма.
  • Студиската програма дава можност за натамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. студии по хемија на II циклус (магистерски студии) и на III циклус (докторски студии).

Преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го решението за акредитација.
Преземете го решението за почеток со работа.

Студиска програма за применета хемија

(ЗвањеДипломиран инженер по хемија)

 

 

ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА (2022 акредитација )

 

 

 

 

ЕКТС

 

 

Име на предметот

П

ТВ

ЕВ

К

вкупно

I семестар

30

1

HM-101

Општа хемија

4

2

3

8

 

2

HM-10M

Математика I

4

3

0

8

 

3

HM-10F

Oпшта физика I

3

1

3

8

 

4

HM-110

Безбедност и протокол во лабораторија

2

1

0

4

 

5

HM-SPORT

Спорт и здравје

 0

2

2

 

II семестар

30

6

HM-201

Неорганска хемија

4

2

3

8

 

7

HM-20M

Математика II

4

3

0

8

 

8

HM-20F

Општа физика II

3

1

3

8

 

9

HM-209

Примена на компјутери во хемијата

2

2

0

4

 

10

HM-JAZ

Англиски јазик

2

0

0

2

 

III семестар

30

11

HM-301

Теоретска неорганска хемија

4

0

0

6

 

12

HM-302

Аналитичка хемија I

3

1

4

8

 

13

HM-303

Органска хемија I

4

1

3

8

 

14

HM-332

Математички методи во хемијата

3

2

0

4

 

15

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

IV семестар

30

16

HM-402

Аналитичка хемија II

3

1

4

8

 

17

HM-403

Органска хемија II

4

1

3

8

 

18

HM-404

Физичка хемија I

4

1

3

8

 

19

HM-411

Експериментална неорганска хемија

2

0

4

6

 

V семестар

28

20

HM-502

Инструментални аналитички методи

4

1

3

8

 

21

HM-504

Физичка хемија II

4

1

3

8

 

22

HM-505

Биохемија I

4

1

3

8

 

23

HM-523

Експериментална органска хемија

2

0

4

4

 

VI семестар

32

24

HM-601

Електрохемија

2

0

2

4

 

25

HM-604

Одбрани поглавја од физичка хемија

4

1

3

8

 

26

HM-605

Биохемија II

3

0

3

6

 

27

HM-608

Индустриска хемија

4

1

0

6

 

28

HM-607

Геохемија и минералогија

3

1

0

4

 

29

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

VII семестар

28

30

HM-704

Методи за определување на молекулски структури

2

1

1

4

 

31

HM-509

Хемија на животната средина

2

0

4

6

 

32

HM-724

Кристалохемија

3

1

1

6

 

33

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

34

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

35

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

VIII семестар

32

36

HM-801

Нанохемија и нанотехнологија

3

0

2

4

 

37

HM-802

Одбрани поглавја од инструментална анализа

2

1

3

6

 

38

HM-821

Хемија на комплексни соединенија

3

0

3

6

 

39

HM-834

Радиохемија

2

2

0

4

 

40

 

Изборен предмет

 

 

 

4

 

 

HM-DIP

Дипломска работа

0

2

6

8

 

 

 

 

 

 

 

 

240

П = предавања; ТВ = теоретски вежби; ЕВ = експериментални вежби (лабораториски вежби); К = кредити.

 

Изборни предмети на Институтот за хемија

Реден број

 Код

 Назив на предметот

 Семестар

 Неделен фонд на часови

 ЕКТС

 П

 В

1.

HM-305

Историја на хемијата

трети

2

1

4

2.

HM-306

Комуникациски вештини

трети

2

1

4

3.

HM-351

Вовед во нутриционизам

трети

2

1

4

4.

HM-352

Експериментирање на микроскала

трети

2

1

4

5.

HM-PSI

Психологија

трети

2

1

4

6.

HM-553

Хемија на керамички материјали

петти

2

1

4

7.

HM-554

Анализа на нафтени деривати и горива

петти

2

1

4

8.

HM-555

Теоретска органска хемија

петти

2

1

4

9.

HM-556

Хемометрија

петти

2

1

4

10.

HM-612

Хроматографски методи

шести

2

2

4

11.

HM-652

Хемија на хетероциклични соединенија

шести

2

1

4

12.

HM-653

Токсиколошка хемија

шести

2

1

4

13.

HM-654

Експериментална биохемија

шести

2

2

4

14.

HM-655

Еколошка биохемија

шести

2

1

4

15.

HM-656

Неорганска биохемија

шести

2

1

4

16.

HM-657

Форензичка хемија

шести

2

1

4

17.

HM-658

Етика за хемичари

шести

2

1

4

18.

HM-659

Хемија во практика

шести

2

1

4

19.

HM-660

Структура-активност релации кај биоактивни молекули

шести

2

1

4

20.

HM-662

Полимерни материјали

шести

2

1

4

21.

HM-PED

Педагогија

шести

2

2

4

22.

HM-719

Управување со квалитет во хемиска лабораторија 

седми

3

1

4

23.

HM-751

Основи на биоелектрохемија

седми

2

1

4

24.

HM-761

Легислатива за хемија на животната средина и храна

седми

2

1

4

25.

HM-823

Хемија на природни производи

осми

2

2

4

26.

HM-851

Молекуларно моделирање

осми

2

1

4

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.