Ензимологија

Содржина на предметната програма

Увод (историски развој на ензимологијата). Карактеристики на ензимите (место и делување на ензимите, номенклатура, хемиска природа на ензимите, структура и просторна конфигурација на ензимите). Добивање и пречистување на ензимите. Одредување на активноста на ензимите. Физички величини во ензимологијата. Коензими и други кофактори (коензими и витамини, градба и поделба на коензимите, коензими од алифатичен, ароматичен и од хетероцикличен ред, нуклеотидите како коензими). Кинетика на ензимските реакции (влијание на концентрацијата на ензимот и супстратот врз брзината на реакцијата, ензимска реакција со два супстрата, инхибиција со присуство на супстрат во вишок или вишок на продукт на реакцијата, влијание на температурата врз активноста на ензимите, влијание на рН врз активноста на ензимите, влијание на инхибиторите и инактиваторите врз активноста на ензимите). Специфичност на дејство на ензимите. Механизам на дејство на ензимите. Претставници на поедини групи на ензими. Применета ензимологија (ензими како катализатори во индустриската примена, ензимологија на храна и ензими во прехранбената индустрија).

 

Литература

1. Владимир Ивановски, Интерна скрипта

2. S. Kendereški, Osnovi enzimologije, Univerzitet u Beogradu, Tehnološko-metalurški fakultet, Beograd, 1986

3. Đ.N. Petrović, Osnovi enzimologije, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1998

4. Peter Karlson, Biokemija, Školska knjiga, Zagreb, 1976

5. P. Atkins, J. De Paula, Physical Chemistry 8th ed, Oxford University, 2006

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 12 јануари 2015 во 09:00 Испит - прва декада
  • 22 јануари 2015 во 09:00 Испит-втора декада
© 2022. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.