|
Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии |
||||||||||||
1. |
Наслов на наставниот предмет |
ОПШТА МЕТОДИКА ВО ХЕМИЈАТА |
|||||||||||
2. |
Код |
ХЕМ-506 |
|||||||||||
3. |
Студиска програма |
хемија (наставна насока) |
|||||||||||
4. |
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) |
Институт за хемија |
|||||||||||
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
прв |
|||||||||||
6. |
Академска година / семестар |
III/VI |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
8 |
||||||||
8. |
Наставник |
доц. д-р Марина Стојановска |
|||||||||||
9. |
Предуслови за запишување на предметот |
Општа хемија, Неорганска хемија, Oрганска хемија I и II, Педагогија, Психологија |
|||||||||||
10. |
Цели на предметната програма (компетенции): Да се стекнат основни познавања од методиката во наставата во хемија. |
||||||||||||
11. |
Содржина на предметната програма: Предавања: Вовед во методиката во хемијата. Предмет и задачи на методиката. Концепциска поставеност на воспитно-образовниот процес по хемија во нашата држава. Наставни планови по хемија (деветгодишно основно, реформирано гимназиско и средно стручно образование). Наставни програми по хемија. Планирање и организација за наставата по хемија. Годишна глобална подготовка и план на наставата. Подготовка и план на наставна тема (тематско-процесно планирање). Подготовка и план на наставен час (дневна подготовка, форми на работа на часот, типови наставни часови во хемијата). Наставни методи (формирање на поими и претстави во наставата по хемија, класификација на наставните методи, графички организатори). Извори на знаење во наставата по хемијата (набљудување, искуството на ученикот, експериментирање, живиот збор на наставникот, учебна и друга литература за хемиско образование). Проверување и оценување на знаењата и умеењата на учениците (формативно и сумативно оценување, објективност во оценувањето, фактори што влијаат на оценувањето, методи на оценување). Тестови на знаење (видови тестови на знаење, предности и недостатоци, планирање на тестот, видови објективни прашања, подготовка и задавање на тестот, оценување и бодување на одговорите). Блумова таксономија. Улогата и ликот на наставникот по хемија. Запознавање со клучните компетенции за демократска култура. Примена на референтната рамка на компетенции за демократска култура (RFCDC). Вежби: Анализа на наставни планови и програми по хемија; Анализа на учебници и збирки со прашања и задачи по хемија; Изработка и анализа на годишна подготовка и план; Изработка и анализа на тематско-процесно планирање; Изработка и анализа на дневна подготовка; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за обработка на ново градиво; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за утврдување на знаењата; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за лабораториска работа; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за групна работа; Изработка на дневна подготовка и реализација на рекреативен наставен час; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час со примена на графички организатори; Изработка на тематски тест за проверка на знаењето; Изработка на тест според Блумовата таксономија; Примена на едноставни експерименти во наставата по хемија. Контроверзни теми во наставата по природни науки. Инкорпорирање на клучните концепти од образованието за демократска култура преку примена на дескриптори. |
||||||||||||
12. |
Методи на учење: предавање, аудиториски вежби, проектни задачи, семинарски работи, самостојно учење |
||||||||||||
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
240 |
|||||||||||
14. |
Распределба на расположивото време |
3+2+2 (предавања 45 часови, теоретски вежби 30 часови, лабораториски вежби 30 часови) |
|||||||||||
15. |
Форми на наставните активности |
15.1. |
Предавања- теоретска настава |
45 часови |
|||||||||
15.2. |
Вежби |
60 часови |
|||||||||||
16. |
Други форми на активности |
16.1. |
Проектни задачи |
45 часови |
|||||||||
16.2. |
Самостојни задачи |
40 часови |
|||||||||||
16.3. |
Домашно учење |
50 часови |
|||||||||||
17. |
Начин на оценување |
||||||||||||
17.1. |
Тестови |
40 бодови |
|||||||||||
17.2. |
Семинарска работа/ проект ( презентација: писм./ усна) |
20 бодови |
|||||||||||
17.3. |
Активност и учество |
40 бодови |
|||||||||||
18. |
Kритериуми за оценување (бодови/ оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
||||||||||
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
||||||||||||
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
||||||||||||
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
||||||||||||
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
||||||||||||
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
||||||||||||
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Присуство на предавања и изработени вежби |
|||||||||||
20. |
Јазик на кој се изведува наставата |
македонски |
|||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
анонимна анкета, разговор со студентите |