Физичка хемија II за наставна насока - Б ниво

Прилог бр. 3

Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии

1.

Наслов на нaставниот предмет

ФИЗИЧКА ХЕМИЈА II ЗА НАСТАВНА НАСОКА

2.

Код

ХМ-546

3.

Студиска програма

Хемија (наставна насока)

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година/семестар

III/V

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

доц. д-р Миха Буклески

9.

Предуслови за запишување на предметот

Физичка хемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции): Да се изучат основите на течната состојба и на хемијата на повр­шините. Да се рагледа концептот на кинетичката теорија на гасовите, молеку­лар­ните основи на транспортните феномени, формалната хемиска кинетика и основите на катализата.

11.

Содржина на предметната програма:

-   Течна состојба: несреде­ност кај течности; опис на структурата на теч­нос­тите; меѓу­молекулски сили.

-   Хемија на површините: површински напон; микрохетерогени системи; колоидни системи, двоен елек­тричен слој, електрофореза и електро­осмоза.

-   Молекуларно-кинетичка теорија на гасо­вите. Равенка на состојба на Макс­веловски гас. Распределба на брзините кај Максвеловски гас. Барометарска формула. Функции на распределба на брзините, најверојатни, средни и средно-квадратни брзини. Судири на мо­ле­кулите со ѕидовите на садот. Ефузија и транс­фузија. Суди­ри меѓу молекулите. Среден слободен пат. Транс­портни феномени (вискозност, топлинска спроводливост и дифузија).

-   Хемиска кинетика. Формална кине­тика. Брзина на хемиската реакција. Кинетички равенки и временски закони (функции). Константи на брзина­та, ред и молекуларност на реакцијата. Консекутивни и паралелни реакции. Повратни и верижни реак­ции. Температурна зависност на константите на брзина. Теорија за судири кај бимолекулски реакции во гасна фаза. Унимолекулски реакции. Теорија за преодната состојба. Ос­новни поими од катализа. Хомогена, хетерогена и ензимска катализа. Пристап при решавање на задачи/проблеми од физичка хемија 2 (од аспект на идниот нас­тав­ник).

12.

Методи на учење: теориски; практични (лабораториски) со примена на компјутер

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

3+0+3 часа неделно (предавања 45 часа, лабораториски вежби 45 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања

Часови 45

15.2

Вежби (лабораториски)

Часови 45

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

16.2

Самостојни задачи

16.3

Домашно учење

Часови 90

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

Бодови    70

17.2.

Семинарска работа/ проект (презентација: писм./ усна)

Бодови    0

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

Бодови    30

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 50 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

     од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање завршен испит

присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Питер Аткинс, Жулио де Паула

Аткинсова физичка хемија (осмо издание)

Просветно дело, Скопје

2011

2.       

Б. Шоптрајанов, Г. Јовановски, Л. Ан­дреева, В. Стефов

Физичка хемија I и II, практикум

ПМФ Скопје

2003

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Б. Шоптрајанов

Физичка хемија II, интерна скрипта

 

 

 

 

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 29 јануари 2016 во 10:00 Усен испит II декада
  • 20 јануари 2016 во 10:00 II Колоквиум
  • 16 јуни 2016 во 10:00
  • 14 ноември 2016 во 08:00 Испит Амфитеатар ЗАБЕЛЕШКА: Задолжително да си носите свој калкулатор. Нема да се дозволи позајмување на калкулатори.
  • 05 април 2017 во 12:00 СЕ ОДЛОЖУВА!!! Испит, дополнителна априлска сесија ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР!!! Задолжително носење калкулатор и периоден систем Амфитеатар
  • 19 април 2017 во 12:00 Амфитеатар Задолжително да се пријавите за усен испит.
  • 07 јуни 2017 во 10:00 I декада, испит Амфитеатар
  • 19 јуни 2017 во 10:00 II декада, испит Амфитеатар
  • 16 јануари 2018 во 10:00 I декада, амфитеатар. Усен испит
  • 26 јануари 2018 во 10:00 II декада, амфитеатар. Усен испит
  • 28 мај 2018 во 10:00 испит, I декада, амфитеатар
  • 04 јуни 2018 во 10:00 испит, II декада, амфитеатар

    Материјали

© 2022. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.