Хемија на животната средина (прв циклус студии)

Прилог бр.3 

Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии

1.

Наслов на наставниот предмет

ХЕМИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

2.

Код

ХМ-509

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија, биологија-хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, Природно-математички факултет

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/V наставна

IV/VII применета

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

проф. д-р Игор Кузмановски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Аналитичка хемија 1 и 2

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Да се запознаат студентите со основите на хемиските процеси во животната средина.

 

11.

Содржина на предметната програма:

Хемија на атмосферата (извори на гасови кои се наоѓаат во траги, фотохемиски процеси во атмосферата, хемија на тропосферата, хемија на тропосферата во урбаните средини, хемија на стратосферата, честички во воздухот).

Хемија на водите (циклусот на водата во природата,  хемиски состав на континенталните води, кислородот во природните води, алкалитет – пуферски капацитет на природните води, тврдина на водата, ацидификација на водите, метали и металоиди во водите, биолошки процеси во природните води, нутриенти во водата и еутрофикација).

Глобалното затоплување и климатските промени (ефект на стаклена градина и глобалното затоплување, идеализиран модел на атмосфера во која постои ефектот на стаклена градина, стакленички гасови, влијание на стакленичките гасови и на аеросолите врз промената на климата, стакленички потенцијал, радијационо засилување и климатска сензитивност, влијание на климатските промени врз Земјата и животот на неа).

Вежби: Анализа на нитрати, нитрити, амонијак, манган во отпадни води, Анализа на површинско активни супстанци во комунални отпадни води, Анализа на кислород во вода, Хемиска потрошувачка на кислород, Проценка на количеството на органски супстанци во отпадните води – потрошувачка на пермаганат, Гасна анализа.

12.

Методи на учење: предавања, вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

2+0+4 (предавања, аудиториски, лабораториски вежби)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

60 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

70

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

-

17.3.

Активност и учество

30

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

  до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

И. Кузмановски

Хемија на животната средина – интерна скрипта

 

 

2.

Roy M. Harrison

Principles of Environmental Chemistry

RSC Publishing

2007

3.

David Archer

Global Warming – Understanding the Forecast

Wiley

2012

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

C.N. Hewitt, A.W. Jackson

Atmospheric Science for Environmental Scientists

Wiley

2009

2.

C. Baird

Environmental Chemistry

W.F. Freeman & Co.

1995

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2021. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.