Физичка хемија II - A ниво

1.

Наслов на наставниот предмет

ФИЗИЧКА ХЕМИЈА II A-ниво

 

2.

Код

ХМ-504А

 

3.

Студиска програма

Хемија (применета насока)

 

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, Природно-математички факултет, Скопје

 

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

 

6.

Академска година / семестар

Трета/V

7.

Број на ЕКТС кредити

8

 

8.

Наставник

Проф. д-р Љупчо Пејов

 

9.

Предуслови за запишување на предметот

Математика 1 и 2, Физика 1 и 2, Општа хемија, Неорганска хемија, Физичка хемија 1

 

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Да се изучат основите на течната состојба и теориите за течности, како и елементарен осврт на хемијата на површините. Во продолжение да се рагледа концептот на кинетичката теорија на гасовите, статистичката термодинамика, молекуларните основи на транспортните феномени, формалната хемиска кинетика како и теориите за реакциона динамика и основите на катализата.

 

11.

Содржина на предметната програма:

I. Течна состојба: несреде­ност кај течности; опис на структурата на течностите; функции на радијална распределба; корелациони функции; теории за течности; меѓумолекулски сили; моделирање на течности, молекуларна динамика и Монте Карло методологија; течни кристали.

II. Хемија на површините: површински напон; микрохетерогени системи; колоидни системи, двоен електричен слој, електрофореза и електро­осмоза.

III. Молекуларно-кинетичка теорија на гасовите. Равенка на состојба на Максвеловски гас. Распределба на брзините кај 1D, 2D и 3D Максвеловски гас. Барометарска формула. Функции на распределба на брзините, најверојатни, средни и средно-квадратни брзини. Судири на молекулите со ѕидовите на садот. Ефузија и трансфузија. Судири меѓу молекулите. Среден слободен пат и граници на применливост на кинетичката теорија на гасовите. Молекуларен опис на транспортните феномени (вискозност, топлинска спроводливост и дифузија). Еквипартициона теорема, нејзина примена и граници на валидност.

IV. Хемиска кинетика. Формална кинетика. Брзина на хемиската реакција. Кинетички равенки и временски закони (функции). Константи на брзината, ред и молекуларност на реакцијата. Формално кинетички опис на некои елементарни реакции. Консекутивни и паралелни реакции. Повратни и верижни реакции. Експлозии. Комплексни реакции. Апроксимација за квазистационарна состојба. Температурна зависност на константите на брзина. Класични и современи теории за реакционата динамика. Теорија за судири кај бимолекуларни реакции во гасна фаза. Мономолекуларни реакции. Теорија за преодната состојба. Современи пристапи во реакционата динамика. Термодинамички аспекти на теориите за реакциона динамика. Основи поими од катализа. Хомогена, хетерогена и ензимска катализа. Кинетичка анализа.

 

 

12.

Методи на учење: предавања, вежби

 

13.

Вкупен расположив фонд на време

240 часа

 

14.

Распределба на расположивото време

4 + 2 + 4 часа неделно

Предавања 60 часа

Нумерички (теоретски) вежби 30 часа

Лабораториски вежби 60 часа

 

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

 

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

90 часови

 

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

часови

 

16.2.

Самостојни задачи

часови

 

16.3.

Домашно учење

90 часови

 

17.

Начин на оценување

 

17.1.

Тестови

бодови

 

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

бодови

 

17.3.

Активност и учество

бодови

 

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

 

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

 

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

 

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

 

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

 

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

 

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

присуство на предавања и изработени вежби

 

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

 

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети, прашалници

 

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Бојан Шоптрајанов

Физичка хемија 1

интерна скрипта

 

2.

Donald A. McQuarrie, John. D. Simon

Physical Chemistry: A Molecular Approach

University Science Books

1997

3.

Ira N. Levine

Physical Chemistry, Sixth Edition

McGraw-Hill Science/ Engineering/Math

2008

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Peter Atkins, Julio dePaula

Atkins’ Physical Chemistry, eighth edition

Oxford University Press

2006

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 26 ноември 2013 во 12:00 Прв колоквиум по Физичка хемија II, A ниво, во сала за конференции Испит по Физичка хемија I, A ниво, Испит по Физичка хемија II, A ниво, Кристалохемија Структура на атоми и молекули
  • 17 декември 2013 во 12:05 II колоквиум
  • 16 јануари 2014 во 10:00 I декада писмени испити по Физичка хемија I и II Амфитеатар
  • 24 јануари 2014 во 10:00 II декада писмени испити по Физичка хемија I и II Амфитеатар
  • 26 март 2014 во 09:00 Писмен испит во просторија 305 Задолжително претходно пријавување кај предметниот асистент
  • 18 јуни 2014 во 10:00 I декада
  • 21 август 2014 во 10:00 I декада. предавална 124
  • 01 септември 2014 во 10:00 II декада, амфитеатар
  • 19 декември 2014 во 12:00 Писмен испит, Физичка хемија II
  • 26 јануари 2015 во 10:00 Писмени испити, II декада Амфитеатар
  • 12 јануари 2015 во 10:00 Писмени испити, I декада Предавална 124
  • 03 јули 2015 во 10:00 Писмен испит Амфитеатар I декада
  • 25 август 2015 во 10:00 I декада, писмен испит, предавална 124 Задолжително носење калкулатори!!! Нема да се дозволи пресметките да се прават на мобилен телефон и нема да се дозволи позајмување калкулатори!!!
  • 01 септември 2015 во 10:00 II декада, писмен испит, предавална 124 Задолжително носење калкулатори!!! Нема да се дозволи пресметките да се прават на мобилен телефон и нема да се дозволи позајмување калкулатори!!!
  • 12 ноември 2015 во 12:00 I Колоквиум Испит (ноемвриска сесија)
  • 10 декември 2015 во 13:25 II Колоквиум
  • 20 јануари 2016 во 10:00 Писмен испит I декада (задолжително да се носат калкулатори! Не е дозволено позајмување и користење мобилни телефони за пресметување)
  • 29 јануари 2016 во 10:00 Писмен испит II декада (задолжително да се носат калкулатори! Не е дозволено позајмување и користење мобилни телефони за пресметување)
  • 01 април 2016 во 10:00 Писмен испит/ априлска сесија Задолжително да се носи калкулатор!
  • 06 јуни 2016 во 10:00 Писмен испит, I декада Амфитеатар ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСИТЕ КАЛКУЛАТОРИ. НЕМА ДА СЕ ДОЗВОЛИ КОРИСТЕЊЕ МОБИЛНИ ЗА ПРЕСМЕТКИ, НИТУ ПАК ДА СЕ ПОЗАЈМУВААТ!!!!!!!!!!!!!!!!
  • 16 јуни 2016 во 10:00 Писмен испит, II декада Амфитеатар ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСИТЕ КАЛКУЛАТОРИ. НЕМА ДА СЕ ДОЗВОЛИ КОРИСТЕЊЕ МОБИЛНИ ЗА ПРЕСМЕТКИ, НИТУ ПАК ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ПОЗАЈМУВАЊЕ НА КАЛКУЛАТОРИТЕ!!!!!!!!!!!!!!!!
  • 31 август 2016 во 10:00 II декада писмен испит. Нема да се дозволи позајмување калулатори!
  • 24 август 2016 во 10:00 I декада писмен испит. Нема да се дозволи позајмување калулатори!
  • 12 јануари 2017 во 10:00 Писмен испит

    Материјали

© 2022. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.