1. |
Наслов на наставниот предмет |
БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТОКОЛ ВО ЛАБОРАТОРИЈА |
||||||||||||
2. |
Код |
ХМ-110 |
||||||||||||
3. |
Студиска програма |
Сите студиски програми на хемија |
||||||||||||
4. |
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) |
Институт за Хемија-ПМФ |
||||||||||||
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
прв |
||||||||||||
6. |
Академска година / семестар |
I/I |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
2 |
|||||||||
8. |
Наставник |
Доц. д-р Миха Буклески Проф. д-р Јане Богданов |
||||||||||||
9. |
Предуслови за запишување на предметот |
нема |
||||||||||||
10. |
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е студентот да се запознае и да ги почитува основните правила на безбедност во хемиска лабораторија. Материјалот ги покрива мерките на безбедност, начинот на однесување во хемиска лабораторија, правилниот начин на работење/ракување со разни видови на хемикалии и нивен соодветен третман по завршување на експериментот. По завршувањето на курсот студентот ќе биде обучен одговорно да пристапува кон работата во хемиска лабораторија и ќе знае превентивно да делува за да се заштити себеси и другите од ризични ситуациии. |
|||||||||||||
11. |
Содржина на предметната програма: Општи правила на однесување во хемиската лабораторија. Лабораториски бонтон. Персонална заштита (заштитни наочари, лабораториски мантил, соодветни алишта и обувки, користење на ракавици, користење на дигестор). Лабораториски протокол (посетители, одржување и чистота на лабораторијата, миење на стакларија, вдишување на штетни хемикалии, дестилации, екстракции, третман на генериран хемиски отпад -општи правила, оставање на хемиски реакции и апаратури без надзор). Водич за опасности во лабораторија-класификација на опасни хемикалии работа со запаливи супстанци, работа со корозивни супстанци, работа со опасни супстанци, работа со потенцијално експлозивни супстанци. Својства на хемикалиите –ознаки и безбедносни листи (анг. SDS safety data sheets) читање, толкување и учење на хемија од безбедносните листи. Конкретни примери за опасни и токсични сустанци (јаки бази и киселини, жива, цијаниди, органски пероксиди и соединенија кои формираат пероксиди). Хемиска (не)компатибилност. Правилна работа со селектирани лабораториски апаратури и хемикалии. Безбедносна опрема и процедури при вонредни настани (анг. Emergency procedures). Пожари (превенција на пожари, соодветна реакција и гаснење на пожар). Пријавување и третман на истурени хемикалии. |
|||||||||||||
12. |
Методи на учење: предавања, вежби, проектни задачи |
|||||||||||||
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
90 |
||||||||||||
14. |
Распределба на расположивото време |
1+2+0 часови неделно (предавања 15 часови, аудиториски вежби 30 часови) |
||||||||||||
15. |
Форми на наставните активности |
15.1. |
Предавања- теоретска настава |
15 часови |
||||||||||
15.2. |
Вежби, семинари, тимска работа |
30 часови |
||||||||||||
16. |
Други форми на активности |
16.1. |
Проектни задачи |
15 часови |
||||||||||
16.2. |
Самостојни задачи |
15 часови |
||||||||||||
16.3. |
Домашно учење |
15 часови |
||||||||||||
17. |
Начин на оценување |
|||||||||||||
17.1. |
Тестови (1 колоквиум + завршен кумулативен испит) |
70 бодови |
||||||||||||
17.2. |
Проект (практична презентација за безбедност во лабораторија) |
10 бодови |
||||||||||||
17.3. |
Активност, учество, резултати од вежби |
20 бодови |
||||||||||||
18. |
Kритериуми за оценување (бодови/ оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
|||||||||||
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
|||||||||||||
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
|||||||||||||
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
|||||||||||||
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
|||||||||||||
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
|||||||||||||
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Присуство на предавања и изработени вежби |
||||||||||||
20. |
Јазик на кој се изведува наставата |
македонски, англиски |
||||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
анонимна анкета, разговор со студентите |
||||||||||||
22.
|
Литература |
|||||||||||||
22.1. |
Задолжителна литература |
|||||||||||||
Ред.бр |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||||||||
1. |
Young, Jay A., editor |
SAFETY IN ACADEMIC CHEMISTRY LABORATORIES. Accident prevention for College and University students 7th ed. |
ACS Joint Board Committee on Chemical Safety, Washington DC |
2003 |
||||||||||
2. |
|
https://chem.duke.edu/about/safety-manual |
Duke University |
|
||||||||||
3. |
Williamson, K. A, Minard, R., Masters, K. M. |
Macroscale and Microscale Organic Experiments |
Houghton Mifflin, Boston, MA |
2007
|
||||||||||
4. |
Јане Богданов, Богдан Богданов |
ПРАКТИКУМ ПО ОРГАНСКА ХЕМИЈА СО КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА, ЕКСПЕРИМЕНТИ СО СТАНДАРДНА И МИКРОСКАЛА. Превод од англ. Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K. ORGANIC CHEMISTRY LABORATORY WITH QUALITATIVE ANALYSIS: STANDARD AND MICROSCALE, |
S3rd edition, Harcourt College Publishers: Orlando, |
2006 |
||||||||||
22.2. |
Дополнителна литература |
|||||||||||||
Ред.бр |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||||||||
1. |
EPA |
EPA’s CHEMICAL COMPATIBILITY CHART |
|
1990 |
||||||||||
2. |
|
HARVARD DEPARTMENT OF CHEMISTRY AND CHEMICAL BIOLOGY-LAB SAFETY MANUAL |
Harvard University |
2012 |
||||||||||
3. |
|
|
|
|