Клиничка биохемија

1.

Наслов на нaставниот предмет

КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА

2.

Код

HМ-70M

3.

Студиска програма

Применета хемија –  аналитичка биохемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за медицинска и експериментална биохемија, Катедра по биохемија и клиничка биохемија, Медицински факултет, УКИМ Скопје

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година/семестар

IV/VII

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Даница Лабудовиќ - одговорен наставник
Во наставата учествуваат сите наставници од Катедрата по биохемија и клиничка биохемија, Медицински факултет, УКИМ, Скопје 

9.

Предуслови за запишување на предметот

Биохемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции): Преку наставата и вежбите студентот треба да се запознае со биохемијата и патобиохемијата на пооделни ткива и органи, правилното функционирање на човечкиот организам и на сите компоненти. Студентот ќе се запознае со лабораториските анализи кои се изведуваат во клиничките лаборатории при испитување на различни клинички состојби во организмот.

11.

Содржина на предметната програма:
Теоретска настава:
Работа и организација на клиничка лабораторија. Преаналитичка фаза во лабораториска медицина. Влијание на лекови врз  биохемиските параметри. Сува хемија.  Клиничко значење на витамини и нивно одредување. Биохемија и патобиологија на вода и електролити. Хемостаза на водород и ацидобазна рамнотежа. Физиолошка и патолошка биохемија на јаглехидрати и методи за дијагноза и следење на шеќерна болест.  Физиолошка и патолошка биохемија на липиди и липопротеини, и методи за испитување на липиден статус. Физиолошка и патолошка биохемија на протеини, плазма протеини, методи за одредување концентрација на протеини. НПН и лабораториска анализа на непротеински соединенија. Метаболизам на пурини и пиримидини. Метаболизам на железо и хемоглобин. Крвна слика и лабораториски анализи за испитување анемии, леукемии, хемостаза. Физиолошка и патолошка биохемија на хормони и методи за нивно одредување. Биохемија на воспаление. Метаболизам на макро елементи и нивното клиничко значење и одредување. Биохемија на мускули и срцев мускул и меиди за дијагноза на патолошки промени на мускулите/срцев мускул. Лабораториско испитување на црнодробна функција. Лабораториски анализи за испитување на бубрежна функција. Биохемија и дијагностика на малигни тумори. Ликвор и лабораториска анализа на ликвор.

Практична настава:
Видови биохемиски испитувања. Лабораториски испитувања:од примерок до наод.
Определување на референтни вредности.  Лабораториски анализи кои се засновуваат на сува хемија. Одредување на концентрација на вкупни протеини во серум. Лабораториски анализи за дијагноза и следење на шеќерна болест. Лабораториски анализи за определување на липиден статус. Липопротеини, определување на ХДЛ- и ЛДЛ-холестерол и електрофореза на липопротеини. Лабораториски анализи за определување на непротеински азотни соединенија. Лабораториски тестови за следење на електролити на крвната плазма. Лабораториски анализи за следење на хомеостазата на водород и ацидобазната рамнотежа. Лабораториски анализи за следење на функцијата на мускулите и кардиоваскуларниот систем, црнодробната функција. Лабораториски анализи за следење на функцијата на коскеното ткиво. Лабораториски анализи за проценка на бубрежната функција. Електрофореза на уринарни протеини. Хематолошки анализи и определување на концентрација на железо. Лабораториски анлизи за определување на антиоксиданси. Определување на тумор маркери

12.

Методи на учење: предавања и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+0+5 часа неделно

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања - теоретска настава

60

15.2

Вежби (лабораториски, аудиториумски), семинари, тимска работа

75

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

 

16.2

Самостојни задачи

 

16.3

Домашно учење – задачи

105

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

12-20 бодови
(4 тестови)

17.2.

Индивидуална работа/проект ( презентација: писмена и усна)

1-5 бодови

17.3.

Активност и учество

10 бодови    

 

 

Теоретска настава ( присуство)

1-3 бодови

 

 

Практична настава ( присуство и активност )

10-12 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

             до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Изработени вежби и потпис од асистент, не повеќе од 2 оправдани отсуства од предавања.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски јазик

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Група автори, Медицински факултет

Клиничка биохемија за студентите по аналитичка биохемија

Медицински факултет, Скопје

2016

 

2.

Група автори, Медицински факултет,

Практикум по биохемија за студентите по биоаналитичка хемија

Медицински факултет, Скопје

2016

 

4.

Џекова, С. и соработници

Биохемија

Медицински факултет, Скопје

2006

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Čvorišćec D, Čepelak I.

Štrausova мedicinska biokemija

Medicinska naklada, Zagreb

2009

2.

Marshall WJ, Bangert SK

Clinical Biochemistry, Metabolic and clinical aspects

Edinburgh: Churchill Livingstone Elsevier

2008  

 

 

3.

Majkić-Singh N.

Medicinska biohemija

DMBS, Beograd

2006

 

 

4.

Švagera Z, Šigutová R

Clinical biochemistry

Charles University Karolinum Press Prague

2016.

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.