Биохемија I - А ниво

1.

Наслов на наставниот предмет

БИОХЕМИЈА I – А ниво

2.

Код

ХМ-505А

3.

Студиска програма

Хемија (аналитичка биохемија)

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/V

7.

Број на ЕКТС кредити

10

8.

Наставник

Доц. д-р Наташа Ристовска

Проф. д-р Емил Поповски

Проф. д-р Јане Богданов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија I и II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Преку наставата и вежбите студентите треба да ги совладаат основите на биохемијата, да се здобијат со теориски знаења и со практично искуство, како предуслов за успешно следење на наставата од повисоките курсеви по биохемија и другите биохемиски дисциплини. Преку овој курс студентите ќе се здобијат и со основни предзнаења за современите постапки и техники за изолирање и пречистување на биомолекули, нивна идентификација и квантификација. На овој начин студентите ќе започнат стручно да се оспособуваат како биохемичари.

11.

Содржина на предметната програма:

-Вовед во биохемијата : рН, пуфери, техники за разделување на биомолекули од раствори - дијализа, ултрафилтрирање, лиофилизација и центрифугално вакуум концентрирање.

-Јаглехидрати : Дефиниција. Физички особини и поделба. Моносахариди. Деривати на јаглехидратите. Олигосахариди. Полисахариди. Поважни претставници на јаглехидратите.

-Липиди и мембрани : Виши масни киселини. Ацилглицероли. Глицеролфосфолипиди. Сфинголипиди. Стероиди и каротеноиди. Холестерол. Жолчни киселини. Стероидни гликозиди. Биолошки мембрани. Транспорт низ мембраните.

-Аминокиселини, пептиди и протеини : Поважни аминокиселини. Хемиски особини на аминокиселините. Пептиди. Протеини. Дефиниција, физички и хемиски особини на протеините. Методи за определување на концентрација на протеински раствори според Biuret и Lowry, Bradford, BCA и спектрофотометриски методи. Биолошка функција на протеините. Поважни претставници на различни класи протеини: фибриларни, глобуларни, нуклеопротеини, хромопротеини, гликопротеини, фосфопротеини, липопротеини.

-Витамини и коензими : Улога на витамините и коензимите. Поделба на витамините. Витамини растворливи во вода. Витамини растворливи во масла.

-Ензими и ензимско дејство : Хемиска природа на ензимите. Специфичност на ензимското дејство. Типови ензимска катализа. Хемиска кинетика на eнзимските реакции. Michaelis-Menten-ова кинетика. Други типови ензимска кинетика.

-Нуклеински киселини : Хемиски особини на нуклеинските киселини. Деоксирибонуклеинска киселина - DNA. Хемиска синтеза на DNA. Хибридизација на DNA. Рибонуклеински киселини – RNA. Типови и својства на RNA.

- Карактеризација на протеини и нуклеински киселини со електрофоретски методи. Хроматографски методи за пречистување и идентификација на биомолекули. Спектроскопска анализа на биомолекули.

12.

Методи на учење: предавања, вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+1+5 часови неделно (предавања 60 часови, аудито­риски вежби 15 часови, лабораториски вежби 75 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

90 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

10 часови

16.2.

Самостојни задачи

10 часови

16.3.

Домашно учење

70 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (2 колоквиуми  или писмен испит, устен испит)

70 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

10 бодови

17.3.

Активност и учество

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Завршна анкета

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Нелсон, Д.Л., Кокс, М.М.

Ленинџер, Принципи на биохемијата (превод од англиски)

НИП Микена

2011

2.

John McMurry (превод од англиски Ј. Богданов, Б. Богданов)

ОРГАНСКА ХЕМИЈA

Просветно дело, Скопје

2006 (превод 2008)

3.

Џекова, С. и соработници

Биохемија

 

2001

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Rodney Boyer

Modern experimental biochemistry, third ed.

Prentice Hall

2000

2.

Garrett, R.H., Grisham, C.M.

Biochemistry, 4th Ed.

Brooks Cole

2008

3.

 

 

 

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 10 јануари 2017 во 12:00 Третиот колоквиум по Биохемија I- A ниво ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ. Задолжително носете ги индексите со себе. Среќни Новогодишни и Божиќни празници.
  • 17 јануари 2017 во 09:00 Испитот по Биохемија I- A ниво од првта декада ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ. Задолжително носете ги индексите со себе. Формирање на вкупна оцена во термин по договор со студентите. доц. д-р Наташа Ристовска
  • 27 јануари 2017 во 09:00 Испитот по Биохемија I- A ниво од втората декада ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ. Задолжително носете ги индексите со себе. Формирање на вкупна оцена во термин по договор со студентите. доц. д-р Наташа Ристовска
  • 21 април 2017 во 12:00 Писмениот испит по предметите Биохемија I – А ниво и Биохемија I - В ниво ќе се одржат на 21.04.2017 (петок) со почеток во 12 часот. Право на полагање имаат само тие студенти кои уредно ќе го пријават испитот и претходно го најавиле своето присуство кај предметниот професор (natasa@pmf.ukim.mk).
  • 28 април 2017 во 12:00 Усниот испит по предметите Биохемија I – А ниво и Биохемија I - В ниво ќе се одржи на 28.04.2017 (петок) со почеток во 12 часот.
  • 08 јуни 2017 во 09:00 Испитот од првата декада ќе се одржи во Хемискиот Амфитеатар. Право на полагање имаат студентите со добиен потпис и уредно пријавен испит во електронска форма. Задолжително е носењето на пријава на денот на полагањето.
  • 20 јуни 2017 во 09:00 Испитот од втората декада ќе се одржи во Хемискиот Амфитеатар. Право на полагање имаат студентите со добиен потпис и уредно пријавен испит во електронска форма. Задолжително е носењето на пријава на денот на полагањето.
  • 10 ноември 2017 во 10:00 Прв колоквиум по биохемија I
  • 10 јануари 2018 во 09:00 Писмениот испит ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ.
  • 24 јануари 2018 во 09:00 Писмениот испит од втората декада ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ.
  • 07 февруари 2018 во 12:00 Казнена ден сесија, се полага само со заверена пријава на студентски прашања.
  • 20 март 2018 во 10:00 Писмен испит по биохемија 1 А ниво. Испитот имаат право да го полагаат студенти кои електронски го пријавиле и имаат потпис од професор.
  • 29 мај 2018 во 09:00 Прва декада: студентите со себе да носат пријава и индекс, а претходно да бидат електронски пријавени.
  • 11 јуни 2018 во 09:00 Втора декада: студентите со себе да имаат индекс и пријава, а претходно да бидат електронски пријавени
  • 30 август 2018 во 09:00 Писмениот испит од првата декада ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот по хемија. Задолжително е електронско пријавување на испитот, најдоцна еден ден пред полагањето.
  • 12 септември 2018 во 09:00 Писмениот испит од втората декада ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот по хемија. Задолжително е електронско пријавување на испитот, најдоцна еден ден пред полагањето.
  • 28 ноември 2018 во 14:00 Испитот ќе се реализира со уредно заверена пријава
  • 18 јануари 2019 во 10:00 Трет колоквиум по Биохемија 1А ниво за студентите од хемија, насока аналитичка биохемија.
  • 18 јануари 2019 во 10:00 Студентите кои ќе полагаат писмен испит од првата декада да се најават на маил адреса кај предметниот наставник.
  • 08 февруари 2019 во 10:00 Студентите кои ќе полагаат писмен испит од втората декада да се најават на маил адреса кај предметниот наставник.
  • 16 април 2019 во 14:00 Испит во дополнителна априлска сесија
  • 10 јуни 2019 во 10:00 Студентите кои ќе полагаат во оваа декада да се пријават најдоцна до 08.06.2019
  • 19 јуни 2019 во 10:00 Студентите кои ќе полагаат во оваа декада да се пријават најдоцна до 17.06.2019
  • 30 август 2019 во 10:00 Студентот мора да има електронска пријава најдоцна 2 дена пред полагањето на испитот.
  • 17 септември 2019 во 10:00 Писмен испит, втора декада. Студентот мора да има електронска пријава најдоцна 2 дена пред полагањето на испитот.
  • 15 ноември 2019 во 08:00 Прв колоквиум
  • 25 декември 2019 во 13:00 Вториот колоквиум ќе се одржи во Амфитеатарот на ИХ.
  • 04 февруари 2020 во 10:00 Писмениот испит во втората декада по предметот Биохемија 1-А ниво, за студентите од хемија, насока аналитичка биохемија, ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот по хемија. Студентите задолжително да носат индекс и хартиена пријава со себе при полагањето.
  • 21 јануари 2020 во 10:00 Трет колоквиум по Биохемија 1 - А ниво, за студентите од хемија, насока аналитичка биохемија
  • 17 јуни 2020 во 10:00 Почитувани студенти, писмениот испит по Биохемија 1А ќе се одржи со физичко присуство. Носењето маски, ракавици и придржувањето до протоколот е задолжително. Исто така, најава за полагање да се испрати на natasa@pmf.ukim.mk најдоцна два дена пред терминот за полагање. Поздрав, проф. д-р Наташа Ристовска
  • 01 јули 2020 во 10:00 Почитувани студенти, писмениот испит по Биохемија 1А ќе се одржи со физичко присуство. Носењето маски, ракавици и придржувањето до протоколот е задолжително. Исто така, најава за полагање да се испрати на natasa@pmf.ukim.mk најдоцна два дена пред терминот за полагање. Поздрав, проф. д-р Наташа Ристовска
  • 15 јули 2020 во 10:00 Почитувани студенти, писмениот испит по Биохемија 1А ќе се одржи со физичко присуство. Носењето маски, ракавици и придржувањето до протоколот е задолжително. Исто така, најава за полагање да се испрати на natasa@pmf.ukim.mk најдоцна два дена пред терминот за полагање. Поздрав, проф. д-р Наташа Ристовска
  • 26 август 2020 во 10:00 Испитот по предметот Биохемија 1А за студентите од хемија, насока: аналитичка биохемија, ќе се одржи со физичко приуство или online, во зависност од бројот на пријавени студенти, за што ќе следува дополнителна информација. Пријавувањето е задолжително најдоцна два дена пред полагањето на e-mail: natasa@pmf.ukim.mk
  • 09 септември 2020 во 10:00 Испитот по предметот Биохемија 1А за студентите од хемија, насока: аналитичка биохемија, ќе се одржи со физичко приуство или online, во зависност од бројот на пријавени студенти, за што ќе следува дополнителна информација. Пријавувањето е задолжително најдоцна два дена пред полагањето на e-mail: natasa@pmf.ukim.mk
  • 23 септември 2020 во 10:00 Испитот по предметот Биохемија 1А за студентите од хемија, насока: аналитичка биохемија, ќе се одржи со физичко приуство или online, во зависност од бројот на пријавени студенти, за што ќе следува дополнителна информација. Пријавувањето е задолжително најдоцна два дена пред полагањето на e-mail: natasa@pmf.ukim.mk
  • 09 декември 2020 во 10:00 Прв колоквиум, задолжително носење индекс, калкулатор и почитување на безбедносен протокол.
  • 21 јануари 2021 во 10:00 Втор колоквиум по Биохемија 1А ниво. Пријавете го вашето присуство на е-маил: natasa@pmf.ukim.mk најдоцна два дена до полагањето. Почитувајте ги безбедносните протоколи за време на полагањето.
  • 04 февруари 2021 во 10:00 Испит по Биохемија 1А ниво. Пријавете го вашето присуство на е-маил: natasa@pmf.ukim.mk најдоцна два дена до полагањето. Почитувајте ги безбедносните протоколи за време на полагањето.
  • 14 април 2021 во 10:00
  • 09 јуни 2021 во 10:00 Испитот ќе се полага со физичко присуство. Студентите кои ќе полагаат во првата декада да се најават најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот (7 јуни) и да имаат електронска пријава во iknow.
  • 23 јуни 2021 во 10:00 Испитот ќе се полага со физичко присуство. Студентите кои ќе полагаат во првата декада да се најават најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот (21 јуни) и да имаат електронска пријава во iknow.
  • 25 август 2021 во 10:00 Испит од прва декада, пријавување до 23.08.2021
  • 09 септември 2021 во 13:00 Испит од втора декада. Пријавување до 07.09.2021
  • 10 декември 2021 во 10:00 Прв колоквиум по Биохемија 1.
  • 18 јануари 2022 во 10:00 писмен испит, прва декада
  • 26 јануари 2022 во 10:00 усмен испит, прва декада
  • 02 февруари 2022 во 10:00 писмен испит, втора декада
  • 09 февруари 2022 во 10:00 усмен испит, втора декада
  • 15 јануари 2022 во 10:00 Втор колоквиум
© 2022. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.