Мастер семинар

1.

Наслов на наставниот предмет

Мастер семинар

2.

Код

ХЕМ-904-23

3.

Студиска програма

ХЕМИЈА

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор

6.

Академска година / семестар

II семестар

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Менторот

9.

Предуслови за запишување на предметот

Потпис по предметот Методологија на научноистражувачка работа

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку изработката на семинарски труд според дадено упатство и неговото презентирање пред комисија составена од професори од областа, се обезбедува постигнување на особеностите означени со специфичните дескриптори, како: демонстрирање на знаење за хемиските принципи, хемиската терминологија и други знаења неопходни во секојдневната пракса во хемиските лаборатории, погони и истражувачките центри, примена на знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата, способност за изведување на заклучоци преку процес на набљудување и следење на процесите во хемиската лабораторија, како и способност за јасно и недвосмислено презентирање заклучоци, факти и резултати од истражувања, пред стручната јавност.

11.

Содржина на активноста:
Раководителот на студиумот организира мастер семинар на кој пред комисија од областа студентот ќе ги изнесе резултатите од истражувањето, што ќе овозможи дефинирање на целите на магистерската работа. Студентот доставува семинарски труд според дадено упатство за изгледот и содржината на семинарскиот труд.

ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ НА ТРУДОТ
Формат:  А4
Писмо: Се препорачува користење на Times New Roman, а за курзивен текст на македонски јазик Times New Roman MK Italic 2 или SkolаSerifOffc, SkolaSansOffc), Verdana, кои содржат правилен облик на македонските курзивни букви (т, п, г, д). При обликување на корицата и насловната страница и во табелите можат да се користат и други типови писмо (на пример Verdana, Arial).
Големина на писмото (фонт): Основниот труд 12 типографски точки. Забелешки, наслови на слики и графкони, текст во табели, користена литература, содржина, список на скратеници и друг придружен текст со 10 типографски точки.
Проред: single (без зголемено растојание на редовите во текстот).
Маргини: Страниците се со маргини од 3 или 2,5 сm.
Нумерирање на страниците (пагинација): Страниците се нумерираат во средината на долната маргина. Нумерирањето на страниците се врши со арапски броеви почнувајќи од насловната страница на која нумерацијата не стои, но таа се брои (нумерацијата почнува од страницата 2).

СТРУКТУРА НА ТРУДОТ
Насловна страница
Насловна страница: Име на универзитет (големи букви, 16 типографски точки), име на факултет (големи букви, 14 типографски точки), име на институт (мали букви, 14 типографски точки), име, цело татково име и презиме на авторот (мали црни/бели букви, 12 типографски точки), наслов на трудот (големи црни/бели букви, најмалку 14 типографски точки – во зависност од должината на насловот), ознака: Семинарски труд (мали букви, 14 типографски точки), место и година (мали букви, 14 типографски точки).
Абстракт
На оваа страница се наоѓа апстракт на македонски јазик со цело име на авторот и цел наслов на трудот, како и клучни зборови. Апстрактот е пишуван со букви од 10 типографски точки, со проред 1, насловот со големи црни букви. Во клучните зборови треба да се наведени најмногу 10 значајни поими кои се обработуваат во трудот.
По оваа страница следи страницата со апстрактот и клучните зборови на англиски јазик. Доколку трудот е напишан на англиски јазик, редоследот на апстрактите е обратен.
Доколку трудот е напишан на друг јазик, апстрактот се дава и на тој јазик и се поместува како прв.
Содржина
На следната нова страница следи содржина на трудот. Содржината треба да е прегледно уредена во согласност со структурата на трудот. По содржината може да следи список на скратеници кои се користат во текстот, доколку тие се користат често и во поголем број.
Истражување
За мастер семинарот се подготвува пишан труд во обем од 7 до 10 страници каде студентот изнесува елементи од резултатите поврзани со истражувањето и изработката на магистерската работа и  презентирање на истражувачките резултати.
Содржината на трудот се дефинира во соработка со менторот.
Семинарскиот труд треба да е напишан на начин на кој читателот ќе разбере што е целта на трудот, какви се методите на истражувањето и резултатите добиени од истражувањето. Се препорачува трудот да е поделен во поглавја и потпоглавја (наслови во рамките на поглавјето), кои можат да бидат нумерирани со арапски броеви според соодветното ниво на текстот (на пример: 1., 1.1., 1.1.1.). Се препорачува да нема повеќе од три нивоа.
Табелите, сликите и графиконите треба да имаат соодветен наслов и да се нумерирани.
Насловот и бројот на табелата (12 типографски точки) се ставаат над табелата во два реда и насловот се пишува со курзив. Текстот во табелата и евент. забелешка под неа се пишуваат со обични букви од 10 типографски точки.
Насловите и броевите на сликите, шемите и графиците се ставаат долу под нив  со обични букви од 10 типографски точки. Ако илустрацијата е преземена од друг автор или е веќе објавена, задолжително се наведува извор. Ако илустрацијата е репродукција на уметничко дело, мора да се наведе името на авторот (ако е познат), како и сите релевантни податоци во врска со илустрацијата.
Заклучок е последно поглавје на основниот текст на трудот. Во него се сумирани резултатите од истражувањето и се оценува дали целта наведена во воведот е постигната. Може да содржи и предлог и насока за натамошни истражувања.
До овде текстот е пишуван со 12 типографски точки, без зголемен проред помеѓу редовите (single).
 Користена литература
Користената литература се наведува по редоследот на цитирањето во текстот (задолжително нумерирана и во трудот цитирана под соодветниот број). Начинот на цитирањето на литературата во текстот не смее да се менува. Во списокот на користената литература не смеат да бидат наведени трудови кои не се цитирани или на кои во текстот не се упатува. Текстот се пишува со букви од 10 типографски точки, со проред зголемен за 3 тип. точки пред секоја нова библиографска единица.
Прилози
На крајот на трудот како прилози можат да бидат поместени разни обрасци (анкетни листови, прашалници и сл.) користени во текот на изработката на трудот. Тие треба да бидат соодветно означени (со бројки или букви) и нивен список поместен по списокот на користената литература. 

12.

Методи на учење: читање на статии и книги, консултации, вежби и семинари

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

0+30+0+60+30

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава.

 

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа.

30

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

 

16.2.

Самостојни задачи

60

16.3.

Домашно учење - задачи

30

17.

Начин на оценување    

17.1.

Тестови

 

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација: писмена и усна)

70+30 = 100 бода

17.3.

Активност и учество

 

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

51 до 60 бода

6 (шест) (E)

61 до 70 бода

7 (седум) (D)

71 до 80 бода

8 (осум) (C)

81 до 90 бода

9 (девет) (B)

91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Добиени резултати од експериментална работа и консултации за пишување на семинарски труд

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета

разговор со студентите

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:

    Професор


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.