На самиот почеток наставниот кадар по хемија го сочинувал само еден асистент (Димче Тошев), а настава по математика изведувал проф. Митриновиќ, по физика проф. Живковиќ. На крајот од учебната 1946/47 г., од страна на проф. Лебедев од Белградскиот универзитет, бил одржан скратен курс по неорганска хемија. Кон крајот на истата учебна година проф. Димитров од Софискиот универзитет одржал концентриран курс по минералогија.
Во учебната 1947/48 г. Димче Тошев бил избран за предавач по неорганска хемија, а д-р Јосиф Јанчулев за предавач по органска хемија. Во наредната учебна година се изведувала настава и по физика (предавањата ги држел проф. д-р Марин Каталиниќ).
Следната (1948/49) година за предавач по аналитичка хемија бил избран д-р Крсто Ставриќ, а истата година, за изведување настава по хемиска технологија ангажиран е инж. Василев. Наредната година почнала настава и по биохемија (предавањата ги држел проф. д-р Божидар Белија). По смртта на инж. Василев наставата по хемиска технологија ја презел инж. Јован Златановиќ. Во 1951 г. за наставник по физичка хемија дошол проф. д-р Гилберт Флумиани. Во текот на 1951 г. за асистенти биле избрани Јованка Матвеева и Иван Петров, а во 1952 г. и инж. Невенка Антонова. Во учебната 1954/55 г. биле избрани тројца нови асистенти (Мирослава Јанчевска, Милка Јанева и Даринка Коцева), а во 1957 г. уште тројца други (Александар Николовски, Бојан Подолешов и Благоја Топузовски).
Денес, Инстититот за хемија е сочинет од 21 член наставно-научен персонал, како и 10 член технички персонал.
Од наставниот кадар има вкупно:
Техничкиот персонал го сочинуваат:
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 |
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |