Пракса

Пракса

Еден од условите за отпочнување на постапката за одбрана на дипломска работа на студентите од прв циклус е остварена пракса во времетраење од 30 дена Студентите од применета и аналитичка биохемија треба да изберат лабораторија, а студентите од наставна насока училиште, да се договорат за пракса, а потоа да пополнат пријава (прикачена погоре) во три примероци, која треба да биде потпишана прво од раководителот на Институт за хемија, а потоа и од деканот и заверена во архивата на ПМФ. 

Праксата може да се реализира во некоја од лабораториите/училиштата со кои ПМФ има потпишано договор (список на лаборатории/училишта може да најдете ТУКА) или во било која друга лабораторија/училиште со која претходно има остварено контакт и договор за пракса.

Практичната настава може да се реализира и во субјекти со кои Факултетот нема потпишано Договор за практична настава, односно во кои студентите сами ќе обезбедат пристап (усна согласност од субјектот). Во таков случај, пред почетокот на практичната настава се потпишува Договор за практична настава помеѓу Факултетот и субјектот. Постапката за склучување на Договор е дадена во продолжение:

  1. Студентот е должен да ги обезбеди следниве податоциназив и адреса на субјектот и име и презиме на управител / директор (потписник на договорот)
  2. Пополнетата Потврда за практична настава (во три примероци) заедно со податоците од точка 1 да се достават до раководителот на соодветниот институт за да се подготви Договор
  3. Бланко договорите во 3 примероци се пополнуваат кај раководителот на институтот
  4. Потпишаната Потврда од раководителот на институтот заедно со Договорот се носи на потпис кај деканот на Факултетот
  5. Потпишаните документи по заверката во архивата на Факултетот се предаваат на студентот
  6. Студентот е должен да го достави на потпис и заверка Договорот кај субјектот каде што ќе ја реализира практичната настава
  7. Два примероци од Договорот потпишани и заверени од субјектот потребно е да бидат вратени на Факултетот (по пошта или во архивата на Факултетот)
  8. По истекот на времетраењето на практичната настава субјектот му враќа на студентот копија од Потврдата и му издава Потврда за реализирана практична настава, со назнака во кој временски период, на официјален меморандум на субјектот, со потпис од овластено лице и печат на субјектот, заверена со архивски број. Потврдата за реализирана практична настава се доставува до Службата за студентски прашања.

more


© 2023. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.