Периоден систем на елементите 1 и 2 (на македонски јазик)
Во издание на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје излезе ажуриран периоден систем на елементите во постер и А4 формат на 300 g хартија/картон. Периодниот систем ги содржи следниве податоци: симболите на елементите вклучувајќи ги и новите елементи и нивните имиња, релативните атомски маси според IUPAC[1] од 2011, електронските конфигурации според NIST[2] од 2013 година, температурите на вриење, температурите на топење, вообичаените оксидациски броеви, густините и електронегативностите на елементите.
Периодниот систем е достапен во две димензии: постер (100 cm х 80 cm) и А4 (21 cm x 29,7 cm). За повеќе детали за изработка и набавка на периоден систем испратете електронска порака на sctmacedonia@gmail.com.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 |
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |