Лабораторија за синтеза и анализа на материјали

Опрема







 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Покрај стандардната ситна опрема што се користи во секоја лабораторија за синтеза, оваа лабораторија располага и со:
- Цевна печка: можност за синтеза на температури до 1200 ºС при вакуум и со можност за  контрола на притисокот при синтезата. Исто така, постои можност за синтеза при инертни услови или во услови на проток на гас.
- Спин коутер (spincoater): можност за синтеза на материјали in-sitу. Се користи и за добивање на сендвич (слоевити) материјали, како и за добивање на тенки филмови на различни супстрати. Има можност за контрола на температурата и брзината на ротација на подлогата со што може да се оптимизираат условите при кои се врши синтезата или добивањето на тенок филм.
- Шленкова линија: можност за синтеза при инертни услови,
- Друга лабораториска опрема (ротоевапоратор, апарат за определување на температура на топење, UV-VIS комора, аналитичка вага, сушници, центрифуги, магнетни мешалки со загревање, итн.)

Лабораторијата ги користи и можностите на останатите истражувачки капацитети и лаборатории на Институтот за хемија како што се:
-   Лабораторијата за карактеризација на материјали (Рендгенска дифракција од прашкаст материјал),
-   Лабораторија за раманска спектроскопија (Рамански спектрофотометар),
-  Лабораторија за инфрацрвена спектроскопија (Инфрацрвен спектрофотометар во области од near, mid и far подрачјето),
-  Лабораторија за UV-VIS спектроскопија (UV-VIS спектрометар).


Лабораторија за синтеза и анализа на материјали

Науката за материјали е поле на истражување кое вклучува мултидисциплинарен пристап при синтезата и анализата на нови материјали. Целите на оваа научна дисциплина се моделирање нови супстанци кои ќе покажуваат специфични својства со цел за нивна примена во индустријата.

Во лабораторијата за синтеза на материјали се користат различни пристапи за добивање и испитување нови супстанци. Лабораторијата располага со опрема и услови за синтеза како на неоргански, органски, така и на органо-неоргански материјали. Главниот фокус на работа се синтеза и карактеризација на нови неоргански и органо-неоргански перовскити.

Научноистражувачка активност
Активностите на оваа лабораторија вклучуваат:
- Синтеза на материјали (неоргански перовскити, органо-неоргански перовскити, органски материјали со флуоресцентни својства),
- Подготовка на тенки филмови од перовскити,
- Структурна карактеризација на синтетизираните материјали (пред сè со XRD),
- Вибрационо-спектроскопски испитувања (Раманска, инфрацрвена и UV-VIS спектроскопија),
-  Електрохемиски испитувања (во соработка со лабораторијата за електрохемија),
-  Електрични мерења (во соработка со Институтот за физика),
-  Анализи со SEM (во соработка со Факултетот за хемија и хемиска технологија во Љубљана, Словенија).

 Можности за анализа
Лабораторијата се користи пред сè за научноистражувачка активност, но и за едукативни цели, но постои можност и за апликативни цели бидејќи овозможува:
-  Користење на цевната печка за анализа на содржина на сулфур во различни типови матрица (пред сè јаглен и други цврсти горива),
-  Подготовка на тенки филмови на различни супстрати,
-  Анализа на состав и својства на различни материјали.

 Соработка со странски институции
-  Факултет за хемија и хемиска технологија, Универзитет во Љубљана, Словенија
-  Бугарска академија на науките, Софија, Бугарија
-  Факултет за природни науки, Универзитет Коменски, Братислава, Словачка

 Лица за контакт:
Проф. д-р Слоботка Алексовска
Проф. д-р Сандра Димитровска-Лазова
Проф. д-р Миха Буклески
Асистент м-р Софија Поповска Блажевска

 Соработници:
-  м-р Јета Села, студент на докторски студии,
-  м-р Бесарта Челику Рамадани, студент на докторски студии,
-  Антонио Андоновски, студент на магистерски студии
-  Цветанка Трајковска, студент на магистерски студии
-  Михаил Трајков, студент на додипломски студии,
-  Дарко Стојчев, студент на додипломски студии
-  Марија Петрова, студент на додипломски студии

more


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.