На Светскиот ден на науката за мир и развој, 10 ноември, и оваа година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја додели Наградата за најдобри научници и уметник на истоимениот универзитет.
Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2022 година е д-р Петре Макрески, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет – Скопје.
Наградата се доделува во знак на признание за покажаните врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот за афирмацијата на Универзитотот. Помеѓу другите резултати, Макрески во 2022 година има објавено 13 трудови во списанија со фактор на влијание, како и 5 труда во други меѓународни и домашни списанија со различни истражувачи од државата и од странство.
Професорот Макрески се обрати во име на сите шестмина добитници од различните научно-истражувачки подрачја и од уметностите каде го потенцираше значењето на науката за развојот на општеството и државата во целост.
На истата свеченост, се одржа дебата за да се потенцира значајната улога која ја има науката во нашето општество и нашиот секојдневен живот на тема:
Науката на УКИМ во функција на подобро општество (ОН 2023-Доверба во науката)
На дебатата на УКИМ заедницата - визијата кон отворен Универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високо-образовен и научноистражувачки простор, во рамки на десетмината панелисти, учествуваа и проф. д-р Трајче Стафилов (во пензија) и проф. д-р Петре Макрески од Институтот за хемија при ПМФ.
На 16.12.2022 беше одбележан Денот на Природно-математичкиот факултет. По тој повод беше организирана промоција на дипломирани студенти од прв и втор циклус студии.
Честитки до сите дипломирани хемичари!
На 19,08,2022 беше одржан Отворен ден на Институтот за хемија, како дел од настанот „Отворен ден на УКИМ“. Идните студенти имаа можност да се запознаат со образовните предности кои ги нудат трите насоки на студии на Институтот за хемија. Своето искуство го споделија и тековни студенти на прв циклус, со што учениците добија впечаток за целокупниот студентски живот.
На 29 јануари 2021 година на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје, се одбележа 100 годишнината од раѓањето на архитектот проф. Александар Драгомановиќ. Драгомановиќ е автор на идејното решение за изгледот на зградата на Институтот за хемија. Во негова чест, а по повод 50-годишнината од пуштањето на зградата во употреба (2018 година), во влезот на Институтот, поставена е информативна табла која ги содржи основните податоци за зградата. На особена чест на вработените на Институтот за хемија и ПМФ, таблата беше откриена од страна на Нејзината Екселенција, амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Нивес Тигањ. На настанот се обрати Деканот на ПМФ, проф. д-р Валентин Мирчески, Нејзината Екселенција Нивес Тигањ, проф. д-р Миха Буклески, како и проф. д-р Зоран Здравковски. Покрај историјата на зградата, блиските релации меѓу двете држави во минатотот и денес, плодната научноистражувачка работа, акцентот беше ставен и на делото на хрватскиот архитект на „Модерниот Загреб“ и „Пост-воена Југославија“ - проф. Александар Драгомановиќ.
Со пензионирањето завршуваат само наставните ангажмани на професорите од Институтот за хемија. Тие и понатаму остануваат дел од колективот и дел од науката, посветено работејќи во многу области. Таков е и случајот со нашиот драг колега и професор - Зоран Здравковски. Се надеваме на уште многу години соработка и поддршка. По повод неговото формално пензионирање и ослободување од наставните обврски, денес 21.12.2020 година, свечено го одбележавме овој настан со евоцирање на спомените поврзани со него преку линковско обраќање на членовите од Институтот за хемија, како и со куса дружба со физичко присуство на дел од кадарот.
Му посакуваме среќни пензионерски денови.
Во услови на светската криза од пандемијата на Ковид-19, Институтот за хемија во целост ги спроведе протоколите и препораките од здравтвените власти во државата. Според тоа, Природно-математичкиот факултет и Институтот за хемија, подготвени ги дочекаа бруцошите во академската 2020/2021 година. На првиот академски час, шефот на Институтот за хемија, проф. д-р Слоботка Алексовска, им се обрати на новите студенти и им посака успешна академска година. Во овој семестар, наставата на институтот ќе се одвива комбинирано. Теоретски предавања и вежби ќе се одвиваа „on-line“, додека лабораториските вежби со физичко присуство.
На Институтот за хемија, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија - СХТМ беше промовирана поштенска марка по повод Меѓународната година на Периодниот систем. На промоцијата присуствуваа генералниот директор на Македонски пошти, г-дин Ејуп Рустеми, претставници од амбасадата на Руската Федерација, академици од македонската академија на науките и уметностите - МАНУ, како и професори од Институтот за хемија. По кусото предавање и обраќање на претседателот на СХТМ, проф. д-р Зоран Здравковски, обраќање имаше и директорот Рустеми.
Првиот академски час во 2016/2017 година се одржа на 15.09.2015 во физичкиот амфитеатар на ПМФ, а продолжи со доделување на индексите на бруцошите во хемискиот амфитеатар на Институтот за хемија. На бруцошите им се обрати раководителот на Институтот - проф. д-р Марина Стефова, а потоа и нивниот класен раководител проф. д-р Слоботка Алексовска. Студентите беа срдечно примени и од претставници на „Клубот на студенти“ од Институтот.
На 16 декември 1946 година, основан е Придодно-математичкиот оддел на Физлозофскиот факултет во Скопје. Како резултат на тоа, 16 декември е „Ден ан природно-математички факултет“ и се одбележува со низа свечени настани и промоции. Како дел од програмата е и промовирањето на дипломираните и магистрирани студенти во изминатата академска година.
На 29.10.2015 (четврток) на Институтот за хемија, своите 50 години заеднички живот ги прославија професорите (во пензија) д-р Лидија Шоптрајанова и академик Бојан Шоптрајанов. Ни беше чест што беа, и што сè уште се дел од овој институт. Од сè срце им посакуваме уште долги години здравје и среќа.
Како секоја година, првиот академски час во 2015/2016 година се одржа на 15.09.2015 во хемискиот амфитеатар на Институтот за хемија. На бруцошите им се обрати раководителот на Институтот - проф. д-р Марина Стефова, а потоа и нивниот класен раководител доц. д-р Наташа Ристовска. Студентите беа срдечно примени и од претставници на „Клубот на студенти“ од Институтот.
На 16.12.2014 во амфитеатарот на Институтот за хемија беа доделени дипломите на дипломираните студенти во текот на 2014 година.
На 28.10.2014, Институтот го посетија група ученици од основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје. Задоволството беше обострано со изненадувања од двете страни.
На 15.09.2014 се одржа првиот академски час за новата генерација бруцоши 2014/2015 во амфитеатарот на Институтот за хемија. Бруцошите беа поздравени од шефот на Институтот за хемија и дел од професорите и вработените.
На 16.12.2013 во амфитеатарот на Институтот за хемија беа доделени дипломите на дипломираните студенти во текот на 2013 година.
На вежбите по квантитативна хемиска анализа, четврти семестар, применета насока.
Вежба: Гравиметриско определување на железо
Првиот час, генерација 2013-2014
Во амфитеатарот на иститутот за хемија
16.09.2013, понеделник
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 |
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |