Вонреден професор д-р Миха Буклески

Биографија

Миха Буклески е вонреден професор на Институтот за хемија. Академската кариера ја започнал во 2007 година, кога е ангажиран како демонстратор на Институтот за хемија додека бил четврта година од студиите на применета хемија (аналитичко - структурна насока). Како помлад асистент е примен во август 2012 година, а за асистент е избран во 2014. Во текот на учебната 2010/2011 бил професор по хемија во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ - Скопје, каде го завршил и средното образование. Роден е во Скопје во 1986 година. Додипломски, магистерски и докторски студии  завршил на матичниот факултет под менторство на професор д-р Владимир Ивановски. Неговата дипломската и магистерската работа се од областа на рефлексионата инфрацрвена спектроскопија, додека во рамките на докторската дисертација, спектроскопските техники ги искористил како алатка за карактеризација на направената модификација на површини. Докторската дисертација е резултат на неговото учество и спроведено истражување во рамките на проект поддржан од научната фондација Александар фон Хумболт, чиј раководител бил проф. Ивановски.

Неговата наставна дејност е од областа на физичката хемија. Како демонстратор, а потоа и како асистент, има држено лабораториски и нумерички вежби на речиси сите заводи, почнувајќи од „Методи на хемиско експериментирање“, преку општите курсеви за „Неорганска хемија“ до „Квалитативна и квантитативна хемиска анализа“. Во моментов е ангажиран за реализацијата на настава по предметите: „Безбедност и протокол во лабораторија“ и „Индустриска хемија“ за студентите од Институтот за хемија, но и „Аналитичка и инструментална хемија“ за студентите од Институот за биологија. Исто така ја изведува и наставата по нумерички и теоретски вежби по „Структура на атоми и молекули“ и „Кристалохемија“. Преку условите овозможени од фондацијата фон Хумболт, заедно со проф. Ивановски, ја оформил лабораторијата за модифицирање површини и работа на инертни услови при Институтот за хемија. Активно е вклучен во организација на натпревари по хемија за средните училишта, а дава и особен придонес за популаризација на хемијата преку учество и организација на голем број хемиски спектакли, отворени денови, саеми за наука како и на други научно-популарни настани.

Неговиот научен интерес е од областа на рефлексионата инфрацрвената спектроскопија и тоа огледалната и дифузната техника, понатаму модифицирањето површини и синтези при инертни услови. Во последните години работи на синтеза и испитување на хибридни перовскитни материјали. Досега има објавено 19 трудови од кои голем дел се објавени во списанија со фактор на влијание. Еден дел од објавените статии се образовни трудови, што укажува на и интересот на доцент Буклески кон образовниот процес и експериментот како алатка за успешна реализација на наставата. Како помлад истражувач бил вклучен во 4 меѓународни проекти со што има остварено поголем број научноистражувачки престои, пред сè на Факултетот за хемија и минералогија при Универзитетот во Лајпциг, Сојузна Република Германија. Учествувал и на голем број конгреси, како во земјата, така и во странство претставувајќи ги своите резултати преку постер презентации или усни соопштенија.

Миха Буклески е добитник на награда за постигнати извонредни резултати во текот на првата година од студиите на Институтот за хемија од страна на фондацијата „Д-р Димче Тошев“ во 2005 година, а во 2009 година има добиено награда за најдобро дипломиран студент во 2008 година на Институтот за хемија и Природно-математичкиот факултет со просечен успех 10,00 доделена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. До сега има учествувано и на 3 конференции во рамките на COST акциите, како и на 4 работилници поддржани од страна на DAAD организацијата.

Книги

 1. Јасмина Петреска Станоева, Миха БУклески, Марина Стефова, Збирка задачи по аналитичка хемија и инструментални аналити, Институт за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2021.

2. Методија Најдоски, Миха Буклески, Збирка решени задачи по општа хемија, EduLabPro, Скопје, 2011

Престои

Четири едномесечни и еден двомесечен истражувачки престој на универзитетот во Лајпциг, Германија како дел од истражувачкиот проект од Александар фон Хумболт. 

Трудови и конф.

 

Статии

 

  1.  M. Bukleski, S. Dimitrovska-Lazova, S. Aleksovska, Temperature dependent phase transitions and their relation to isosbestic point formation. Case study of C(NH2)3PbI3Spectrochim. Acta Mol. Biomol. Spectrosc. (2021) , doi: 10.1016/j.saa.2021.120462
  2. S. Dimitrovska-Lazova, M. Bukleski, P. Tzvetkov, M. Pecovska-Gjorgjevich, S. Aleksovska, D. Kovatcheva, The mechanism of the isostructural phase transition in C(NH2)3PbI3 as a guide for understanding the properties of the new phaseMater. Chem. Phys. (2022), 125240, doi: 10.1016/j.matchemphys.2021.125240.
  3. S. Dimitrovska-Lazova, M. Bukleski, P. Tzvetkov, S. Aleksovska, D. Kovatcheva, Crystal structure of the high-temperature polymorph of C(NH2)3PbI3 and its thermal decomposition, J. Alloys Compd. (2021), 158104, doi: 10.1016/j.jallcom.2020.158104.
  4.  M. Bukleski, V. Petruševski, S. Aleksova, A safe way of performing dangerous experiments. III. The safety box. 2. Demonstrating the reactions of alkali metals with concentrated oxoacids, Maced. J. Chem. Chem. En. 40 (2021) 131-150, doi: 10.20450/mjcce.2021.2218.
  5. M. Bukleski, S. Dimitrovska-Lazova, V. Makrievski, S. Aleksovska, A simple approach for determination of the phase transition temperature using infrared temperature-induced isosbestic points, Spectrochim. Acta Mol. Biomol. Spectrosc. 149 (2020) 69–74, doi:10.1016/j.saa.2020.118118
  6. M. Bukleski, IR specular reflectance spectra of pressed polycristalline samples of alums - comparison with single crystal spectra, Geologica Macedonica, 34 (2020) 5-14, udc:548.75:[548.2:687.53.04.
  7. M. Bukleski, S. Dimitrovska-Lazova, S. Aleksovska, Detailed study of the vibrational spectra of methylammonium iodide and formamidinium iodide in wide temperature range, Maced. J. Chem. Chem. En. 38 (2019) 237-252, doi: 10.20450/mjcce.2019.1940.
  8. M. Bukleski, V.M. Petruševski, The economic demonstrator: Prepare it once, use it many times. V. Liquid–liquid phase transition phenomena, Educación Química, 30 (2019) 111-120, doi:10.22201/fq.18708404e.2019.1.65185
  9. S. Aleksova, M. Bukleski, V.M. Petruševski, A safe way of performing dangerous experiments. III. The safety box. 1. demonstrating the reactions of alkali metals with concentrated acids of the type HX(aq) (X = F, Cl, Br, I), Maced. J. Chem. Chem. En. 37 (2018) 89–98, doi:10.20450/mjcce.2018.1424.
  10. M. Bukleski, V. Ivanovski, E. Hey-Hawkins, A direct method of quantification of maximal chemisorption of 3-aminopropylsilyl groups on silica gel using DRIFT spectroscopy, Spectrochim. Acta Mol. Biomol. Spectrosc. 149 (2015) 69–74, doi: 10.1016/j.saa.2015.04.026.
  11. M. Bukleski, V. Ivanovski, Indirect quantitative IR assessment of maximal monomolecular deposition of 3-aminopropyltrimethoxysilane on silica gel surface, Maced. J. Chem. Chem. En. 33 (2014) 267–275, doi: 10.20450/mjcce.2014.601.
  12. V. Ivanovski, M. Bukleski, M. Madalska, E. Hey-Hawkins, Vibrational spectra of a ferrocenyl phosphine derivative chemisorbed on 3-aminopropylsilyl modified silica gel, Vib. Spectrosc. 69 (2013) 57–64, doi:10.1016/j.vibspec.2013.09.009.
  13. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, On the Catalyzed Disproportionation of SO2 in Aqueous Solution of KI: A Marathon Classroom Demonstration, J. Lab. Chem. Educ. 1 (2013) 1–4, doi:10.5923/j.jlce.20130101.01
  14. A. Aleksovska, M. Bukleski, I. Mavromihailov, N. Mitreska, V.M. Petruševski, M. Radevska, M. Stojanovska, J. Tanatarec, An Evening with Magic: Eight Colorless Liquids, Chem. Educator. 17 (2012) 203–205, doi: 10.1007/s00897122447.
  15. M. Bukleski, V. Ivanovski, V. M. Petruševski, IR specular reflectance spectra of KHSO4 single crystal – Dispersion analysis, Vib. Spectrosc. 57 (2011) 15–22, doi: 10.1016/j.vibspec.2011.04.003.
  16. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, Peter Hodder, Reaction of aluminium with diluted nitric acid containing dissolved sodium chloride: on the nature of the gaseous products, ChemEd NZ 211 (2011) 7–9.
  17. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, Reaction of aluminium with diluted nitric acid containing dissolved sodium chloride: on the nature of the gaseous products, Khimiya/Chemistry 19 (2010) 233–238.
  18. M. Bukleski, V. M. Petruševski, Preparation and Properties of a Spectacular Thermochromic Solid, J. Chem. Educ. 86 (2009) 30, doi:10.1021/ed086p30.
  19. V. M. Petruševski, M. Bukleski, M. Stojanovska, The Economic Demonstrator: Prepare it Once, Use it Many Times. III. Phenomena of Discontinuous Thermochromism, Khimiya/Chemistry 17 (2008) 109–117.
  20. V. M. Petruševski, M. Bukleski, M. Stojanovska, The Economic Demonstrator: Prepare it Once, Use it Many Times. II. Continuous Thermochromism in Aqueous Solutions of Transition Metal Chlorides, Khimiya/Chemistry 16 (2007) 20–28.
  21. V. M. Petruševski, M. Bukleski, The “Magical” Sphere: Uncovering the Secret, The Science Education Review 5 (2006) 114–118.
  22. M. Monković, V. M. Petruševski, M. Bukleski, The economic demonstrator: prepare it once, use it many times. I. Continuous thermochromism in the NO2-N2O4 system – equilibrium shifts induced by temperature changes. Khimiy/Chemistry 15 (2006) 256–264.

Др. активности

Награди и признанија

  1. Прва награда за усна презентација на работилницата: „From Molecules to Functionalized Materials” within the International Master and Postgraduate Programme in Material Science and Catalysis promoted by DAAD-Programme Academic Reconstruction of South Eastern Europe“, 7 – 9 Септември 2014, Охрид, Р. Македонија.
  2. Прва награда за усна презентација на работилницата: „From Molecules to Functionalized Materials” within the International Master and Postgraduate Programme in Material Science and Catalysis promoted by DAAD-Programme“, 14 – 19 Октомври 2013, Клуж-Напока, Романија.
  3. За најдобро дипломиран студент на редовните четиригодишни студии на Институтот за хемија и Природно-математичкиот факултет, Скопје, со просечен успех 10,00 и период на студирање од 4 години и 29 дена, од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2009, Скопје.
  4. За постигнати извонредни резултати во студирањето I година на студии по Хемија, од фондацијата „Проф. д-р Димче Тошев“, 2005, Скопје.
  5. За освоено II место на „Втор државен натпревар за учениците од средните училишта на Р. Македонија“ во организација на ПСУ „Јахја Ќемал“, 2004, Скопје.
  6. За освоено II место на „Прв државен натпревар за учениците од средните училишта на Р. Македонија“ во организација на ПСУ „Јахја Ќемал“, 2003, Скопје.
  7. За освоено I место на државната смотра на млади техничари и природници од областа на применета хемија, во организација на „Народна техника на Македонија“, 2000, Берово.
© 2021. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.