Д-р Киро СТОЈАНОСКИ, редовен професор (во пензија), е роден на 7 април 1949 г. во Крушево. Со средно образование се здобил во Битола. Во 1968/69 г. се запишал на студии по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломирал во 1973 г. на Заводот за физичка хемија, под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Во 1974/75 г. се запишал на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката за молекулска спектроскопија. Магистрирал во 1979 г. на Хемискиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов, бранејќи ја темата “Вибрациони спектри на некои карбоксилати на UO22+”. Во 1985 г. престојувал три месеци во Упсала (Шведска), работејќи на својата докторска теза. Докторската дисертација “Изучување на некои бионеоргански комплекси и на модели за нив” ја одбранил во 1988 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје, уште еднаш под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Во 1975 г. е избран за помлад асистент на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. По магистрирањето (1980 г.) е избран за асистент на Хемискиот факултет во Скопје. Во ова звање е двапати преизбиран. Во 1988 г. е избран за доцент, во 1993 за вонреден професор а во 1999 г. за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во текот на својата наставна активност проф. д-р Киро Стојаноски изведувал вежби по предметот биохемија за студентите по хемија на Природно–математички факултет во Скопје. Освен тоа во текот на две учебни години изведувал вежби по предметот органска хемија за студентите по хемија, а во текот на една учебна година и за предметот органска хемија за студентите од Фармацевтскиот факултет во Скопје. Д-р Киро Стојаноски со успех ја изведува наставата по предметите органска хемија I, органска хемија II и биохемија за хемичари како и предметите биохемија I и II на насоката аналитичка биохемија. Се занимава со истражувања во областа на спектроскопијата и структурната хемија. Особено внимание посветува на органски соединенија и биомолекули. Објавил 25 труда (18 во меѓународни списанија од кои 10 во списанија со imact factor, 6 во македонски списанија и 1 во зборник на трудови од домашна научна манифестација). Од 31 соопштение на научни собири, 5 се презентирани на интернационални собири, 12 на национални собири надвор од РМ и 14 на национални собири во Македонија. Според Science Citation Index, објавените резултати од научната работа на професор Стојаноски се цитирани 37 пати. Автор е на еден универзитетски и на 4 средношколски учебници. Раководител е на еден, а учествувал во работата на повеќе научноистражувачки проекти. Како рецензент бил член во комисии за одбрана на една магистерска работа и неколку докторски дисертации, а бил ментор на 3 докторски дисертации. Исто така бил ментор на 4 докторски дисертации и на една магистерска работа. Проф. Стојаноски е коавтор на 4 учебици за средно образование и еден учебник за високото образование. Уште како постдипломец во учебната 1972/73 г. бил вклучен во изработката на повеќе домашни и странски научно-истражувачки проекти. Во периодот од 1983/88 престојувал трипати на Хемискиот институтот на универзитетот во Упсала (Шведска). Бил раководител и учествуавал во исзработката на поголем број на научно–истражувачки проекти од областа на молекулската спектроскопија и биохемијата. Д-р Киро Стојаноски e член на Уредувачкиот одбор на Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија. Освен тоа, тој е активен рецензент на реномираното списание на Американскот хемиско друштво Journal of Chemical Education. Од 1995 до 1999 г. е раководител на Заводот за органска хемија и биохемија а од 1999 до 2001 г. бил Шеф на Институтот за хемија. Пензиониран е во 2016 година.