Pедовен професор (во пензија) д-р Мира Трпковска

Предмети



Биографија

Д-р Мира ТРПКОВСКА, редовен професор (во пензија), е родена на 6 јуни 1947 г. во Скопје. Средно училиште завршила во родното место. Во учебната 1966/67 г. се запи­ша­ла на студии по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипло­ми­ра­ла во 1970 г. на Заводот за физичка хемија, под менторство на проф. д-р Бојан Шоп­тра­јанов. Во 1973/74 г. се запи­шала на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природно-матема­тич­киот факул­тет во Скопје, на насоката за молекулска спек­тро­скопија. Пред­видените испити ги положила со одличен успех и под мен­торство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов започнала со из­ра­бот­ката на магистерскиот труд „Спектро­скопски ис­пи­ту­ва­ња на метални ком­плекси со 2,2'-бипири­дин и сродни лиганди”. Тезата ја одбранила на Хемискиот факул­тет во Скоп­је во 1980 г. Доктор­ската дисертација „Инфра­црвени спектри на некои соединенија на бакар(II)” ја одбра­нила на Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скоп­је во 1992 г., повторно под мен­торство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Во 1971 г. е избрана за асистент на Хемискиот институт на Природно-матема­тич­ки­от факултет во Скопје. За асистент била реизбирана повеќепати. Во 1994 г. е из­брана за доцент, во 1999 г. за вонреден професор, а во звањето редовен професор е избрана во 2004 г. Од 2012 година е во пензија. Изведувала настава по предметите: инструментална анализа и одбрани поглавја од инструментална анализа (за студентите од аналитичко-структурната насока) и одбрани поглавја од аналитичка хемија за студентите од наставната насока на групата хемија. Научноистражувачката работа е од областа на молекулската спектроскопија и структурната хемија. Автор е на 27 објавени трудови од кои 16 се печатени во реномирани странски списанија, 6 во домашни списанија, 2 труда се објавени во зборник на трудови од меѓународни научни собири а 3 труда се објавени во домашни зборници на трудови. Презентирала 63 трудови (усно или постерски) од кои 41 на меѓународни конференции и конгреси и 22 на научни собири во Македонија. Одржала и едно секциско предавање. Како член на Научен или Орга­ни­за­ци­онен одбор, учествувала на пет научни конференции. Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Трпковска се цитирани 59 пати. Учествувала во изработка на 15 научно-истражувачки проекти од кои еден меѓународен (на кој била раководител), на 2 национални проекта била исто така раководител а во останатите била член на научноистражувачките тимови. Била ментор на една магистерска и една докторска дисертација и ментор на 14 дипломски работи. Се служи со англискиот јазик и престојувала на Институтот за неорганска хемија на Универзитетот во Упсала, Шведска во период од два месеца во 1987 г.

Книги

Позначајни трудови се: M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, P. Malkov, FTIR reinvestigation of the spectra of synthetic brushite and its partially deu­te­ra­ted analogues, J. Mol. Struct., 480-481, 661-666 (1999); I. Kuzmanovski, M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, V. Stefov, Targettesting factor analysis of fourier transform infrared spectra as a tool for the dtermination of the composition of urinary calculi, Vib. Spectrosc., 19, 249-253 (1999); Lj. Pejov, M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, Tetrafluoro­berry­late (2-)ions as hydrogen – bond proton acceptors: Quan­tum chemical considera­tions, Spectrosc. Lett., 32, 361-367 (1999); M. Trpkovska, B. Šop­tra­janov, Lj. Pejov, Reinvestigation of the infrared spectra of calcium oxalate mono­hydrate and its partially deuterated analogues – an expe­ri­men­­tal and theorethical study, Bull. Chem. and Technol. of Macedonia21, 111-116 (2002); M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, Lj. Pejov, FTIR study of the 2,2, - biquinoline complex of dichlorodioxo­chro­mium­(VI): The CrO2 vibrations, J. Mol. Struct. 654, 21-26 (2003).

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.